И дефинитивно повредата на Енис Барди, играчот за врска на Леванте и еден од нашите најдобри фудбалери, не е така несериозна. Имено Барди веќе долго време е во “аут“, не можеше да настапи на Македонија во октомврскиот циклус, не играше ниту за Леванте. Сепак тој се врати на тренинзите, но не и на оние со топка. Засега тренира и ќе тренира само кога станува збор за вежбите за физичка сила.
Прогнозите се дека уште Леванте нема да може да смета на нашиот репрезентативец, а ние се надеваме дека до номври Барди целосно ќе заздрави и ќе може да сметаме на неговите услуги на мечевите со Ерменија и Исланд, кои се последни во двата меча од квалификациската група -Ј за пласман на СП во Катар 2022.