Барди се врати на тренинзите, но уште ќе го нема на мечевите на Леванте!

164

И дефинитивно повредата на Енис Барди, играчот за врска на Леванте и еден од нашите најдобри фудбалери, не е така несериозна. Имено Барди веќе долго време е во “аут“, не можеше да настапи на Македонија во октомврскиот циклус, не играше ниту за Леванте. Сепак тој се врати на тренинзите, но не и на оние со топка. Засега тренира и ќе тренира само кога станува збор за вежбите за физичка сила.

Прогнозите се дека уште Леванте нема да може да смета на нашиот репрезентативец, а ние се надеваме дека до номври Барди целосно ќе заздрави и ќе може да сметаме на неговите услуги на мечевите со Ерменија и Исланд, кои се последни во двата меча од квалификациската група -Ј за пласман на СП во Катар 2022.

ПретходноСо Лука Станковски У-21 селекцијата на Македонија добива на квалитет!
СледноЅвоне Бобан мора да му врати на Милан 1,2 милиони евра!