Финансиската состојба на Барселона никогаш не била полоша, клубот имал долгови од околу 1,35 милијарди евра, а само минатата сезона долгот се зголеми за 481 милиони евра. Момците на каталонскиот гигант не делуваат моќно ниту приближно како некогаш, а претседателот Жоан Лапорта се обидува за следната сезона да направи посилен состав.
Мундо Депортиво открива дека првиот човек на Барселона се обидува следното лето да донесе петмина играч бесплатно, чија цена на пазарот вкупно изнесува 180 милиони евра.
Голманот Андре Онана (25) од Ајакс е прв на листата и според Трансфермаркт вреди 17 милиони евра. Барселона би земала двајца играчи од Челзи. Тоа се дефанзивците Цезар Аспиликуета (32) и Антонио Рудигер (28). Шпанецот вреди 13 милиони евра, додека Германецот 35 милиони евра.
Барселона би ја засилила конкуренцијата во средниот ред со доаѓањето на Пол Погба (28) од Манчестер Јунајтед и Франк Кеси од Милан (24). Според Трансфермаркт, цената на Погба е 60 милиони евра, додека на Кеси 55.
Сите овие играчи не ги продолжија договорите со своите клубови, па каталонскиот ггиант ја чека својата шанса.