Бешикташ се поправи, соработката со Вардар постои!

731

Откако во текот на вчерашниот ден на изненадување на целокупната наша јавност, еден од најголемите турски фудбалски клубови, а со тоа и европски, екипата на Бешикташ на својата официјална страна демантираше дека е воспоставена соработка со ФК Вардар која што претходно беше изреализирана односно промовирана од раководството на нашиот клуб наспроти Бајрам Билим официјалниот скаут и гостин на Вардар.

Денеска сосема спротивна реакција од овој клуб.

Повторно на официјалната страна е потврдена соработката, односно посетата на скаутот на првиот тим Бајрам Билим, кој со задовоство проследи дел од секојдневните активности во клубот и објави неколку разговори со раководството.

Сето ова се случуваше на големо изненадување на ФК Вардар и на неговите реководни структури кој беа изненадени од реакцијата на ФК Бешикташ.

Само за потсетување македонскиот младински репрезентативец Бесар Гуџуфи кој е детер на Вардар, и кој по само шест месеци минати во Беласица направи трансфер токму во тимот на Бешикташ.

ПретходноДобри вести за Тухел и Челзи, Канте се враќа на терен (ВИДЕО)
СледноСерхио Рамос и натаму без деби за ПСЖ