На гласањето во Сенатот, францускиот парламент денеска одлучи да на 5 мај биде забрането да се игра фудбал во професионален ранг. Французите со тоа решија да на тој начин секоја година се потсетуваат на катастрофата што се случи на 5 мај 1992 година, кога во пресрет на Куп натпреварот на Корзика, меѓу Бастија и Олимпик Марсеј, на стадионот починаа 19 лица.
Сликите од урнатите трибини, од починатите луѓе, од тие што едвај се спасија и од се она што беше тој трагичен ден, се уште се длабоко врежани во јавноста во Франција.
Токму затоа и оваа денешна одлука да во иднина на 5 мај биде забрането да се игра фудбал.