Едер Милитао ќе мора да направи кратка пауза. Тој се здоби со повреда на мускулот и го напушти кампот на бразилската репрезентација, па ќе мора да направи дополнителни тестови во Мадрид.
Засега, тој е под голем знак прашалник за неговиот настап во „Ел Класико“, кој е на програмата следната недела.
Претходно, Реал играше со Шахтјор, а натпреварот со Атлетик Билбао е одложен.
Доколку Милитао не е подготвен, се очекува стоперскиот тандем да го сочинуваат Алаба и Начо.