Кошаркарите на Далас го совладаа Шарлот со 127-59 на гостински терен во рамките на претсезонските мечеви во НБА-лигата.
Со овој триумф тимот на Лука Дончиќ влезе во историјата на најсилното светско клупско натпреварување. Далас го изедначи рекордот од 1991 година кога Детроит славеше против Мајами со истата разлика од 68 поени (148-80) исто во претсезонските. Ова воедно е најголема победа против франшизата на Мајкл Џордан.
Најефикасен во редовите на Далас беше Тим Хардавеј Џуниор со 20 поени и 4 скока, Порзингис имаше 17 поени и 9 скока. Лука Дончиќ запиша 10 поени, 8 асистенции и 4 скока.
Final, lol@Chime | #MFFL pic.twitter.com/rmECZtCikv
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) October 14, 2021