Поранешниот водечки човек на Јувентус, Лучијано Моџи, изнесе шокатни откритија за тоа како се чувствувал по аферата „Калчополи“, кога испрати клубот од Торино во Серија Б и му одзеде титулите од 2005 и 2006 година. А самиот Моџи беше отсранет од фудбалот.
„Искрено помислував на самоубиство во тие први денови на аферата“ истакна покрај другото Моџи во документарецот „Лоши спортови“ која се емитуваше деновиве.
“Не беше ништо докажано, ниту дека има систем, но ете, јас морав да платам за се. Шетав сам по улиците, сакав да ставам крај на сето тоа, затоа помислував на самоубиство. Лошо беше, посебно во тие први денови. Само вербата во Бог ме спаси“ посочи Моџи.