Македонскиот тим го покажа другото лице на Златибор. По одличната игра против Младост, падна на полесниот тест. Рогашка го искористи лошото издание на МЗТ Скопје нанесувајќи му го првиот пораз, откако го совлада со убедливи 80-64 во рамките на второто коло во АБА 2-лига.
Листата на стрелци изгледа скромно, Дамјан Стојановски и Дејвис запиша по 12 поени, Мекиќ и Робев имаа по 10 поени.
Избраниците на Дарко Радуловиќ беа добри само во воведните пет минути, поведоа со 3-7, по последните 7-10, противникот со серија од 8-0 дојде на 15-10 и не дозвол поинаков тек.
Рогашка им држеше лекција на кошаркарите на МЗТ Скопје и во втората четвртина, на полувремето имаше водство од 45-29. По одморот, македонскиот тим само еднаш успеа да ја стопи двоцифрената негатива (45-37), а потоа одново влезе во ритамот на противникот.
„Сино-белите“ не успеаја да приредат целосен пресврт, дека немаат сили за тоа, дојде потврдата на четири минути до крајот, Рогашка поведе со највисоки 76-55. Тука беше крајот на оваа средба.
Турнирот во Златибор, МЗТ Скопје го заврши со една победа и пораз.