Светскиот куп во алпско скијање почнува на 23 октомври и тоа во австрискиот скијачки центар Зелден. Ова денеска гоп потврди и официјално Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
Прво е спроведена детална инспекција на глечерот Ретенбах, после тоа е донесена одлуката за почетокот на новата сезона во најавениот термин.
По традиција, први на патеката, во сабота на 23 октомври, ќе излезат женските натпреварувачки, додека ден подоцна тоа ќе го сторат и скијачите.
“Патеката е во добра состојба, имаме доволно време да ги искористиме за тренинг. Тие што беа одговорни за патеката навистина одработија добра работа“ изјавија од страна на организаторот.