Роналдо купува луксузен автомобил кој чини колку и еден помал стадион

455

Долги години, Кристијано Роналдо е голем љубител на луксузни и квалитетни автомобили. Неговата колекција веќе е „страшна“ и ако тоа не беше доволно, наскоро истата ќе биде засилена со уште едно исклучително вредно возило. Медиумите објавија дека во неговата колекција влегува модел од кој се произведени само 10 автомобили.

Британски „Дејли Мирор“ објави дека најновото „милениче“ на Португалецот е ограничена верзија на Bugatti Centodieci. Износот што треба да се плати за тоа задоволство е огромен и изнесува околу 8,5 милиони фунти.

Некои медиуми велат дека со оваа сума на пари може да се изгради спортска арена, па дури и помал стадион.

ПретходноДиало: Мора да извлечеме поука, сезоната е долга!
СледноДимитров го остави Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата