За Луис Назарио да Лима или скратено Роналдо, нема дилеми кој треба да ја освои “Златната топка“ или наградата за најдобар фудбалер во светот за оваа година. Според легендарниот Бразилец, некогашен фудбалер на ПСВ, Барселона, Интер, Реал Мадрид, Милан…и секако репрезентацијата на Бразил, тоа треба да биде Карим Бензема.
“Без сомневање мој пик или фаворит за `Златната топка` е Карим Бензема. Па десет години игра во брутална форма. Во изминатите десет години важи за најдобар напаѓач, освои се што можеше да се освои. Зарем вие не мислете така?“ изјави Роналдо.
Секако дека секој има свое право на мислење, но ако Бензема навистина ја освои „Златната топка“, тогаш ќе биде првиот Французин после Зинедин Зидан од 1998 година, што ќе биде најдобриот фудбалер во светот за таа година.