Тешкашот Тајсон Фјури не е сигурен уште колку ќе биде дел од бокс светот, и уште колку време титулите кои ги поседува ќе бидат поврзани со неговото име.
Тој е сопственик на сите титули во тешка категорија, освои се што можеше да се освои, па сега за „Телеграф“ изјави дека не е сигурен уште колку ќе биде во рингот.
Според договорот со ЕСПН односно Топ Ранк ми остана уште една борба да одработам. Не знам што потоа ќе се случува и дали и натаму ќе боксувам. Наутро сеуште станувам мотивиран, тренирам но и уживам во животот. Имам 32. години и освоив се што можеше да се освои“ – изјави Фјури.