Напаѓачот на Манчестер Сити, Феран Торес се повреди за време на настапите за Шпанија во рамките од Лигата на Нации и ќе мора да паузира околу еден месец.
Медиумите јавуваат дека тој едноставно се префорсирал во настапите, и страдаше неговото стопало, незгодна повреда, за која треба мирување пред се.
Тоа значи дека во перидот кој следува дефинитивно Габриел Жесус добива стартен статус, а тука е и Џек Грилиш кој исто така автоматски добива голема минутажа.