Борислав Михајлов го победи Димитар Бербатов во трката за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бугарија. Трката беше многу тесна, според медиумите во Бугарија, досегашниот прв човек на сојузот го победи Бербатов со 241 спрема 230 гласови.
И кога е така, на Балканот се случуваат или откриваат многу работи кои се случувале зад сцената, барем според изјавите на Јордан Лечков, некогашна легенда на репрезентацијата на Бугарија, исто член на конгресот на Фудбалскиот сојуз.
Лечков после завршувањето на Конгресот, во изјава за медиумите кажа дека гласањето било нелегитимно и обвини дека имало поткуп на некои членови на Конгресот или Собранието на Фудбалскиот сојуз.
“Да, да. Бе давани пари и тоа во внатре во Националната палата каде што се одржуваше Конгресот и тоа во тоалетите. Не, не беа Бербатов, Стилијан и Мартин, тие тоа не го правеа. Тие се стипси. Ако мора нешто да дадат прво мора да ги прашат своите сопруги“ изјави Лечков.
Инаку Бербатов, кој загуби во трката од Михајлов, по завршување на изборната трка, изјави дека и тој смета дека изборот бил фалсификуван и дека има намера да поднесе жалба до судот.
Ова е Балкан…
ФОТО: Sportal.bg