Во Франција на 5 мај забрането е да се игра фудбал!

426

На гласањето во Сенатот, францускиот парламент денеска одлучи да на 5 мај биде забрането да се игра фудбал во професионален ранг. Французите со тоа решија да на тој начин секоја година се потсетуваат на катастрофата што се случи на 5 мај 1992 година, кога во пресрет на Куп натпреварот на Корзика, меѓу Бастија и Олимпик Марсеј, на стадионот починаа 19 лица.

Сликите од урнатите трибини, од починатите луѓе, од тие што едвај се спасија и од се она што беше тој трагичен ден, се уште се длабоко врежани во јавноста во Франција.

Токму затоа и оваа денешна одлука да во иднина на 5 мај биде забрането да се игра фудбал.

ПретходноЛуичијано Моџи: Помислував и на самоубиство по аферата “Калчополи“!
СледноДа се покријат загубите: Ал – Келаифи уплатил 171 милиони евра во касата на ПСЖ!