Димитров го остави Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата

949

Григор Димитров го креираше еден од најголемите пресврти во тенисот оваа сезона, го совлада Данил Медведев со 4-6, 6-4 и 6-3 и се за првпат во својата кариера се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс.

Со елиминацијата Медведев му помогна на Новак Ѓоковиќ да остане на врвот на АТП листата, доколку рускиот тенисер го освоеше Мастерсто, ќе имаше промени на светската ранг листа.

Бугарскиот тенисер го загуби првиот сет со 4-6, но во следниот приреди неверојатен пресврт, губеше со 1:4, освои осум гемови по ред и си го отвори патот кон победата за 6-4 во вториот сет. Димитров во ист стил продолжи и во следниот сет, поведе со 5:1 за крајни 6-3.

Во полуфиналето бугарскиот тенисер за противник ќе го има Хуберт Хуркач.

ПретходноРоналдо купува луксузен автомобил кој чини колку и еден помал стадион
СледноБарселона зема бесплатно пет играчи, сите заедно „тежат“ 180 милиони евра