Иако се очекуваше токму овој викенд Серхио Рамос конечно да дебитира за тимот на ПСЖ, каде што летово пристигна како екстра засилување по се изгледа дека тоа нема ниту овојпат да се случи.
Француските медиуми јавуваат дека повредата на листот и натаму го мачи стоперот и дека тој и овојпат ќе биде вон стројот, за викенд мечот против Ангерс.
Јавноста, навивачите, и целиот свет впрочем е во исчекување тој да дебитира и да го облече дресот со број четири но како што е сигуацијата во моментов сите ќе треба да почекаат уште минимум десетина дена.