Полувреме: Работнички – Скопје 0:0, Станковски промаши пенал за водство

179

Стартот на десеттото коло од ПМФЛ шампионатот го одлежува денешната гратска пресметка помеѓу екипите на Работнички и Скопје, кој се игра на Арената Тодор Проески.

По првите 45. минути мечот сеуште е со оној почетниот резултат 0:0, но сепак, вредни за споменување се неколку моменти. Шансата на Тантуровски на асистенција на Марио Станковски на стартот на мечот, а потоа и најголемата можност за домашните во првиот дел. Токму Станковски избори пенал за Работнички, самиот ја презема одговорноста, но Андреја Ефремов успеа да го одбрани ударот од белата точка. На спротивната страна Десниќ и Јашароски имаа ситуации, откако вториов влезе во игра по повредата на Кристијан Кировски.

 

ПретходноСтерлинг: Да, размислувам да си заминам од Сити
СледноПедри и Лапорта заедно промовираа нов договор (ВИДЕО)