Скопје слави кај што славеа Германците (ФОТО)

1550

Затоа е фудбалот е една од најубавите работи кои постојат. Затоа што неговите патишта се испреплетуваат на начин на кој ретко кој може да претпостави.
Пред само четири дена, во таа иста соблекувална, на тој ист терен, стадион, на Арената Тодор Проески, една светска фудбалска велесила како репрезентацијата на Германија одржа фудбалски час, и суверено си замина со трите бода во дуелот со Македонија.

Само четири дена подоцна, тимот на ФК Скопје во таа иста соблекувална, на тој ист терен, го одржа својот фудбалски час. Успеа да слави на гостувањето кај Работнички со минимални но заслужени 0:1, и да освои злато вредни три бода во првологашката битка оваа есен. Битки ќе има уште многу, шампионатот е долг, но оваа е добиена, а момците на Љупчо Марковски со една „Пиратска“ фотографија покажаа дека овојпат тие владеат со „Арената“.

ПретходноИ третиот француски ракометар си замина од Металург
СледноСедлоска се врати на терените!