Њукасл со понуда за Зидан, францускиот стратег експресно ги откачил

254

Њукасл доби нови газди во името на принцот од Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман. Веќе долго време се зборува дека премиер-лигашот ќе добие ново тренерско име, Стив Брус, кој во следниот период треба да добие отказ.

Најново кога станува збор за неговите наследници е Зинедин Зидан, кој е без работа откако се раздели со Реал Мадрид на крајот на минатата сезона. Францускиот стратег летово имаше неколку понуди, но истите ги одби. Челниците на Њукасл го контактирале, но тој веднаш ги одбил.

„Мирор“ објави дека Зидан им се заблагодарил, негова главна желба е да биде селектор на француската репрезентација. Подготвен е да чека за да го предводи овој национален тим. Тоа може да се случи по СП 2022 година кога Дидие Дешамп треба да ја напушти клупата на Франција.

ПретходноБлажевска: Не гледам ништо срамно! Секој има лоши и добри периоди, па така и Металург!
СледноПелистер остана без Илиевски, судиите му ја покажаа вратата!