Девојката која предизвика масовен пад на велосипедисти на овогодинешниот Тур де Франс, е осудена за ненамерно предизвикување повреди и загрозување животи, и беше казнета со 15.000 евра и доби условна затворска казна од четири месеци, објави судот во Франција.
На 26 јуни, 31-годишна навивачка предизвика вистински хаос во првата етапа на Тур де Франс, кога караван со велосипедисти удри во неа која стоеше со траспарент на самата патека.
Во инцидентот беа повредени најмалку 21 лице, а двајца мораа да ја завршат трката. Навивачката потоа се обидела да избега од Франција, но на крајот е пронајдена и обвинета. Таа ќе ја отслужи казната со општокорисна работа, и би можела да заврши во затвор доколку повторно направи сличен престап во Франција.
Irresponsable 🤬 Faites attention aux coureurs ! #TDF2021 pic.twitter.com/NoTUB4gnfs
— Grégory Leclerc (@GregLeclerc) June 26, 2021