Денковски: Брегалница дома мора секогаш да оди на победа

218

 

Македонскиот младински репрезенаттивец и чувар на мрежата на тимот на Брегалница Давид Денковски се приклучи на штипјани, по репрезенаттивните обврски. За него и за Брегалница како впрочем и за целата лига, продолжуваат прволигашките активности, олицетворени во дуел со Македонија ЃП на домашен терен.

Денковски има полна доверба, односно минутажа сезонава од страна на стручниот штаб и собира непроценливо искуство како на голот на Брегалница, така и на голот на репрезентацијата до 21. година.

„Задоволен сум од настапите во македонската репрезентација, па сега сакам формата да ја пренесам повторно и во дресот на мојот клуб. Не очекува сериозен предизвик против екипата на Македонија ЃП, но за нас секако единствена цел се трите бода. Очекувам и утре пред нашите навивачи да продолжиме со победите“ – вели Денковски.

Мечот против Македонија ЃП е закажан за в недела од 14:00 часот.

ПретходноПочнува 29-от македонски одбојкарски шампионат
СледноБлажевска: Не гледам ништо срамно! Секој има лоши и добри периоди, па така и Металург!