Црногорскиот интернационалец и репрезентативец Милутин Осмајиќ е во центарот на вниманието во Шпанија, каде што е дел од тимот на Кадиз. Тој заработи суспензија од клубот и преместување во вториот тим, затоа што пред две ноќи бил дел од тежок инцидент во една дискотека.
Најпрво предизвикал тепачка внатре во локалот, по што бил погодн со шише во главата, а откако пбезбедувањето го изфрлило надвор, Осмајиќ се степал и со нив.
Нормално го извлекол подебелиот крај, бил приведен и одведен во полиција. Кадиз како клуб веднаш реагирал го суспендирал својот играч и го преместил во вториот тим.