Историјата е испишана, Пелистер со дебитанска победа во АБА 2-лига

209

Пелистер дојде до првиот триумф во дебитанскиот настап во АБА 2-лига. По поразот во минатото коло, битолчани одиграа многу подобар меч против Сутјеска и сосема заслужено на крајот се радуваа на победата од 93-73.

Кошаркарите на македонскиот тим држеа ритам во текот на целиот меч, во последните 15. минути од натпреварот останаа без својот тренер, Марјан Илиевски, кој поради две технички грешки мораше да го напушти теренот.

Битолскиот тим ја доби првата четвртина со минимални 24-23 во релативно изедначена битка на теренот. Во следниот период, противник успеа само еднаш да изедначи на 43-43, но предноста по првите 20. минути одново беше за Пелистер (51-47). Главен разигрувач беше Бобан Стајиќ имаше 10 асистенции.

Пелистер го подигна нивото во продолжение, дојде на највисоки плус 16 (70-57), додека во 34. минута, Караџовски со два поени зголеми на 85-65. Сутјеска не успеа да им парира на битолчани, немаше простор за пресврт.

Избраниците на Илиевски овој турнир го завршуваат со скор од една победа и пораз.

Никола Малешевиќ и Бојан Трајковски со по 16 поени беа најефикасни во победничкиот табор, во кој Стајиќ запиша 12 асистенции.

ПретходноПелистер остана без Илиевски, судиите му ја покажаа вратата!
СледноСолскјер не можеше да добие подобра вест!