Кениската полиција го фатила сопругот кој ја уби атлетичарката Агнес Тироп

125

Кенијката Агнес Тироп, која за малку остана без медал на Олимписките игри во Токио, но беше двоен носител на бронзен медал од Светското првенство во атлетика на 10.000 метри, била убиена од нејзиниот сопруг Емануел Ротич.

Два дена откако атлетскиот свет беше шокиран од информацијата за убиството на Агнес Тироп (25), нејзиниот сопруг Емануел Ротич бил уапсен од кениската полиција.

Агнес беше пронајдена мртва со рани на вратот и стомакот во тренинг центарот на западот од земјата, а нејзиниот сопруг побегнал од местото на злосторството.

„Тој е во притвор, го фативме како се обидува да избега. По истрагата ќе поднесеме обвинение“, соопштија од полицијата.

Кениските медиуми објавија дека парот имал брачни проблеми.

ПретходноДевојката која предизвика инцидент на „Тур Де Франс“ пробала да избега, но ја фатија и осудија
СледноЃ. Ѓорѓиев и Хебар обезбедија пласман во 2. коло од квалификациите за ЛШ