Се чини дека на многумина во Премиер – лигата не им се допаѓа проектот на новиот и пребогат Њукасл. И зошто да им се допадне кога секако ќе добијат уште една голем ривал во поделбата на титулите или пласманот во Лигата на Шампионите.
Еден од тие што не криеше дека не е воодушевен од проектот на Мохамед бин Салман, е и Јирген Клоп, шефот на струката или менаџерот на Ливерпул.
Германскиот стратег покрај другото истакна:
“Искрено очекував изјава од раководните лица на Премиер – лигата. Секако дека постои загриженост за човековите права во С.Арабија. И што значи ова за фудбалот? Пред неколку месеци цел свет се дигна против Суперлигата, и со право. А сега имаме купување на Њукасл на ваков начин, за мене тоа е исто. На фановите на Њукасл секако дека им се допаѓа вакво нешто, но не секогаш парите купуваат и успех. Од друга страна јасно е дека Њукасл станува супер сила, клуб кој би можел да доминира во иднина“ посочи Клоп.