ПСЖ без Меси, Нејмар, Ди Марија и останатите ѕвезди од Ј. Америка, вечерва се мачеше против Анжер, но сепак во меч од 10.коло во Лига 1, успеа да слави со 2:1.
Интересно, за малку мега – тимот од Париз, после оној срам од Ренс минатото коло, можеше да доживее уште еден.
Анжер одигра добро, квалитетно, успеа и да поведе на “Паркот на принцовите“ со голот на Фулџини во 36.минута со 1:0 односно 0:1.
Во вториот дел “светците“ одиграа многу посериозно, посебно Килијан Мбапе. Прво на Данило му асистираше во 69.минута за израмнување, за да потоа од пенал во 87.минута стрелаше за конечни 2:1.
Ова е деветта победа во десетиот меч за четата на Маурицио Покетино.