НБА тимот Бостон Селтикс го суспендираше својот кошаркар Маркус Смарт поради несериозно однесување. Имено, Смарт е суспендиран затоа што го пропуштил тимскиот лет кон Флорида на почетокот на оваа недела.
Според клупските правила, тој поради тоа ќе пропушти еден меч за својата екипа и ќе има минус на својата сметка, затоа што казната ќе му биде одбиена од платата.
„Да не го шириме ова. Се е готово, сфатив. Со нетрпение го очекувам првиот натпревар сезонава во „Медисон Сквер Гарден“, им изјавил Смарт на новинарите.