Денеска ФИА го објави календарот за Формула 1 за наредната 2022 година. Во неа се предвидени дури 23 трки, што секако дека е рекорд. Досега никогаш не се возеле толку Ф1 трки во една сезона.
Шампионатот стартува на 20 март во Бахреин, додека Австралија после 2019 година за првпат ќе биде домаќин, и тоа на 10 април.
Нова трка ќе биде онаа во Мајами, додека во календарот се враќаат трките во Јапонија, Канада и Сингапур.
Интересно е тоа што во наредната сезона нема да се одржуваат трките за ГН на Штаерска, Португалија, Катар и Турција, инаку сите овие беа во календарот за оваа сезона.