Пелистер остана без Илиевски, судиите му ја покажаа вратата!

332

Пелистер во овој момент ја игра третата четвртина против Сутјеска во рамките на 2. коло во АБА 2-лига. Битолчани полека, но сигурно чекорат кон победата, но до крајот на мечот ќе бидат без инструкциите на Марјан Илиевски.

Поради протест, стратегот на македонскиот тим доби техничка грешка, а потоа и исклучувачка, поради втора техничка грешка. Илиевски мораше да го напушти теренот, а неговите момци и без него играат сигурно и имаат двоцифрена предност на нецели пет минути до крајот.

ПретходноЊукасл со понуда за Зидан, францускиот стратег експресно ги откачил
СледноИсторијата е испишана, Пелистер со дебитанска победа во АБА 2-лига