Во битката за што подобар пласман во групата „Ј“ од квалификациите за СП 2022, Македонија ја очекуваат уште само два меча. Во ноемврискиот квалификациски прозорец на ФИФА, Македонија ќе гостува во Ерменија, а дома ќе го пречека Исланд.
УЕФА денеска и официјално ги потврди термините во кои ќе се играат ноемвриските квалификации, па оттука стана јасно дека последните два меча момците на Благоја Милевски ќе ги одиграат во терминот од 18 часот.
Првиот меч на 11 ноември ќе го одиграме во Ереван, додека вториот на 14 ноември ќе биде во Скопје. Иако досега најчесто средбите ги игравме од 20.45 часот, овие последни квалификациски дуели ќе ги одиграме од 18 часот.