„Првенец“ за Мирко Ивановски во дресот на Динамо Букурешт!

267

Вечерва во меч од 12.коло во елитната лига на Романија, нашиот интернационалец го постигна својот прв гол или „првенец“ во дресот на Динамо Букурешт. Имено на гостувањето кај Газ Метан, при резултат 2:0 за домашниот состав, Македонецот во 80.минута, и тоа од пенал, ја тресеше домашната мрежа за конечни 2:1.

Секако дека посакуваме уште многу голови на Ивановски во дресот на неговиот Динамо Букурешт.

Со овој пораз тимот на Ивановски и натаму се наоѓа при дното на табелата.

Инаку и денеска во романските медиуми се пишуваше дека Даниел Аврамовски е многу блиску до трансфер во Динамо Букурешт.

ПретходноМарко Ѓорѓиевски: Мораме да дадеме се од себе за дресот на Шкупи!
СледноОбјавен календарот за Формула 1 за наредната сезона, ќе има рекордни 23 трки!