Александар Пријовиќ нема да стане дел од тимот на Црвена Звезда и одлучи да потпише мултимилинки договор со прволигашот од Австралија, Вестерн Јунајтед.
Клуб кој постои само три години, но има големи амбиции, па затоа и го ангажираше српскиот интернационалец. Тој пак, се одлучи очигледно дека не сака повеќе да игра фудбал на највисоко ниво, и ги одби понудите во неколку сериозни клубови, меѓу кои и Црвена Звезда, пред се поради фифнансиски бенефит нормално.