Македонската репрезентативка, Андреа Седлоска се врати во составот на Локомотива. Во убедливиот триумф над Трешњевка од 34-13 во рамките на петото коло во хрватскиот шампионат постигна еден гол.
Седлоска не беше во составот на македонската репрезентација за мечевите од ЕХФ Купот, како и во составот на Локомотива, пропушти четири средби поради повреда. Таа една од најголемите надежи за нашиот национален тим, генерација која допрва треба да даде многу.
Ломотива е перфектна засега, има пет победи во исто толку одиграни меча.