По двонеделната пауза поради обврските на нашите репрезентации, денеска и утре продолжуваат возбудувањата во нашата елитна лига. Попладнево од 14 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, закажана е скопската пресметка меѓу Работнички и Скопје. Според местата на табелата па и според квалитетот, домашниот состав е фаворит на хартија, но сепак “пиратите“ покажаа и докажаа дека и тоа како знаат да изненадат.
За Работнички поради суспензија нема да игра Марјан Ристовски, додека во тимот од Автокоманда нема суспендирани играчи.
Традицијата апсолутно е на страната на Работнички. По три години ова ќе биде прв дуел на скопските екипи. Досега, барем во поново време, одиграни се девет меча а „пиратите“ се уште немаат триумф. Работнички победил во шест наврати, додека три меча завршиле без победник. Како што веќе рековме, натпреварот започнува во 14 часот а ќе биде пренесуван на МТВ и Арена Спорт.
Останатите мечеви од ова 10.коло се играат утре, а се среќаваат Струга ТЛ – Борец, А. Пандев – Шкендија, Тиквеш – Шкупи, Ренова – Пелистер, Брегалница- Македонија ЃП.