Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во следното коло во Лигата на шампиони, против Аталанта, во составот ќе го имаат Ван Бисака. Овој фудбалер беше суспендиран со два натпревари поради црвен картон против Јанг Бојс.
Од таборот на „црвените ѓаволи“ поднесоа жалба, истата беше прифатена, па Оле Гунар Солскјер ќе го има на располагање за пет дена во 3. коло на Лигата на шампиони.
„Жалбата поднесена од Манчестер Јунајтед е прифатена. Според тоа, одлуката на контролното, етичко и дисциплинско тело на УЕФА од 23 септември 2021 година се менува и фудбалерот ќе биде суспендиран само на еден натпревар”, се вели во соопштението.