Пукна „петарда“ на вечерашниот дуел од 8.коло во Бундеслигата меѓу Хофенхајм и Келн. Домашниот тим славеше со високи и убедливи 5:0. Тимот на Хофенјхајм во целост го надигра својот противник и апсолутно заслужено ги освои трите бода.
Серијата голови ја отвори Бебоу во 31.минута по асистенција на Крамариќ, со тие 1:0 се замина на пауза. Во второто полувреме следуваше “канонада“ од страна на домашниот состав. Бебоу во 49.минута зголеми на 2:0, а две минути подоцна Баумгартнер стрела за 3:0. До крајот на мечот Гајгер и Пош постигнаа по еден гол за конечни 5:0.
И покрај победата Хофенхајм е во минус од еден бод зад Келн на табелата во Бундеслигата по осум одиграни мечеви.