Чурлинов влезе во 85. минута а Шалке победи со гол во 90+5!

1483

Се чини дека Македонецот Дарко Чурлинов му донесе среќа вечерва на својот тим Шалке. Имено на гостувањето кај Хановер, во меч од 10.коло во втората Бундеслига, нашиот репрезентативец влезе во игра во 85.минута. Се играше петтата минута од судиското продолжение кога Шалке преку Камински постигна гол и со тоа успеа да ги освои сите три бода на овој натпревар.

Инаку мора да се каже дека на последните неколку мечеви Чурлинов многу ретко добива шанса од тренерот на Шалке да биде во игра. И кога ја добива таа е минимална, со по десетина минути или помалку да ги искаже сите свои квалитети.

Претходно“Пандевци“ утре со Шкендија на „Благој Истатов“, Беласица домаќин на Комплексот „Горан Пандев“!
СледноКлоп искрено против “новиот“ и пребогат Њукасл!