Ѓ. Ѓорѓиев и Хебар обезбедија пласман во 2. коло од квалификациите за ЛШ

100

Бугарскиот одбојкарски шампион, Хебар Пазарџик, во чии редови оваа сезона настапува нашиот репрезентативен техничар Ѓорѓи Ѓорѓиев, обезбеди пласман во 2. квалификациско коло од ЦЕВ Лигата на шампиони, откако преку т.н. „Златен Сет“ успеа да го совлада тимот на Лас Палмас во реванш дуелот од 1. квалификациско коло.

Во првиот меч на гости, Лас Палмас славеше со 3:0 во сетови, но Хебар успеа на реваншот пред своите гледачи да извојува победа од 3:1 и да се избори за „Златен Сет“. Истиот кој се игра до 15 освоени поени, бугарскиот првак го доби со 15:13 и се пласираше во следното квалификациско коло каде за противник ќе го има Шахтјор Солигорск од Белорусија.

Ѓорѓиев не доби шанса да влезе во игра на овој реванш дуел, но ќе биде во опција за следниот со Белорусите.

фото: CEV.eu

ПретходноКениската полиција го фатила сопругот кој ја уби атлетичарката Агнес Тироп
СледноЊукасл првото зимско засилување го носи од репрезентацијата на Србија