Трката за освојување на „Златната топка“ почна пред неколку дена кога „Франс Фудбал“ објави листа од 30 фудбалери. Меѓу нив очекувано се најде Лионел Меси, кој е еден од најсериозните кандидати за ова престижно признание.
Има и такви кои сметаат дека „Златната топка не треба да ја доби токму Аргентинецот.
„Според мене Златната топка треба да им припадне на Жоргињо и Канте. Мака ми е од Меси. Што освои минатата година? Добро, Копа Америка. Но, што направи со Барселона?“, прашува Патрис Евра.
Поради коронавирус во 2020 немаше прогласување, па Меси е последниот фудбалер кој ја освоил „Златната топка“. За постетување Аргентинецот има шест вакви признанија, едно помалку има Кристијано Ронадло.