И третиот француски ракометар си замина од Металург

432

Металург во продолжение на сезоната нема да смета на уште еден француски ракометар. По браќата Њокас, тимот од Автокоманда остана без услугите Абдула Мане.

Причината за предвремениот прекин на соработката е крајот на трпението за финансикста состојба во која се наоѓа клубот, а на која работи за нејзино стабилизирање, пишува „g-sport“.

Металург пред стартот на сезоната имаше високи амбиции, беше подготвен да се натпреварува во квалификациите во Лига Европа, но ЕХФ и на овој тим му побара парична гаранција поради долговите кцелој поранешните ракометари. Раководството на клубот го откажа учеството со цел да ја доведе во ред финансиската состојба.

Токму поради бројните промени во составот, Металург слабо тргна во Супер-лигата, има само една победа. Викендов игра против Радовиш, шанса за нов триумф.

ПретходноСкопје го „шокираше“ Работнички на Арената (ВИДЕО)
СледноСкопје слави кај што славеа Германците (ФОТО)