Марко Ѓорѓиевски: Мораме да дадеме се од себе за дресот на Шкупи!

477

Утре во еден од најинтересните мечеви во 10.коло во ПМФЛ, лидерот на табелата, тимот на Шкупи му гостува на Тиквеш. Екипа која откако дојде на клупата Влатко Костов почна да игра според желбите на своите фанови.

Јасно е дека на Шкупи нема му биде лесно, напротив, но сепак чаирчани и на овој меч ќе се обидат да одграат најдобро што можат.

Во пресрет на утрешниот меч во Кавадарци, младинскиот репрезентативец и напаѓач на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски, кој е во супер форма, постигна два гола за У-21 селекција на двата меча со Ф. Острови и Ерменија, истакна.

Се разбира дека сме фокусирани на овој натпревар. Против Тиквеш за нас ќе биде многу важен меч и затоа ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од себе со цел да ги исполниме задачите на нашиот тренер Гоце Седлоски. Мораме да дадеме се од себе за дресот што го носиме, за дресот на Шкупи“ истакна Ѓорѓиевски.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: На Мерџани ни дождот не му може ништо!
Следно„Првенец“ за Мирко Ивановски во дресот на Динамо Букурешт!