Тимот на Скопје на најдобар можен начин го отвори овој дел од ПМФЛ шампионатот по репрезентативната пауза. На отворањето на десеттото коло во првиот меч, „Пиратите“ успеаа на Арената Тодор Проески против Работнички предмалку да триумфираат со 0:1 со автоголот на Марио Станковски.
Ова е трагичарот на домаќините, затоа што напаѓачот, претходно промаши и пенал во првото полувреме односно Ефремов беше поуспешен од него.
Во првиот дел, Работнички реално подобар, промаши неколку ситуации, Тантуровски празен гол, Станковски промаши пенал, а на спротивната страна Десниќ односно Јашароски се заканија.
Во второто полувреме, ако на Марио Станковски не му беше доволен промашениот пенал, по изведениот корнер на гостите во 56. минута си постигна автогол. Десетина минути подоцна Работнички си ја продолжи агоината со црвениот картон на Илиевски, а истата кулминираше со пеналот за Скопје. Тантуровски го фаулираше Јашароски во сопствениот шеснаесетник, одговорноста ја презеде Иво Јанакиевски но голманот Мустафа го остави во живот Работнички. Одлично брани, но наместо Работнички да создаде можеби шанса за израмнување, Скопје промаши зицер. Сантош излезе очи во очи со Мустафа, но шутираше покрај гол.