Заврши колото од јужноамериканските квалификации за следниот Мундијал, но проблем за многуте фудбалери кои настапија за своите национални тимови станува враќањето во Европа.
Дел од Премиерлигашите се здружија за да ги вратат своите фудбалери во еден чарстер авион, но реално за дел од нив прекратко ќе биде времето за да настапат викендов.
Тоа пред се се мисли на Алисон односно Фабињо кои тешко дека ќе можат да настапат за својот Ливерпул со оглед на фактот што мечот против Ватфорд се игра в сабота од 13:30.
„Тешко дека ќе можеме да стигнеме навреме за мечот против Ватфорд. Затоа клубот ја разгледува можноста да не испрати директно за Мадрид каде што го играме мечот против Атлетико во вторник во рамките од Лигата на Шампионите“ – изјави Фабињо