ШОК… Адеми е тешко повреден и не игра до пролет

677

Аријан Адеми поради повредата која ја заработи на мечот против Германија играјќи за нашата репрезентација ќе мора да паузира два месеци.

Оваа информација ја пренесоа хрватските медиуми наведувајќи дека зглобот на Адеми кој страдаше во дуелот со Каи Хавертс е сериозно оштетен и дека ќе мора да биде подложен на долга рехабилитација.

Додека да се опорави Адеми, ќе заврши есенскиот дел од сезоната, па така што тој дефинитивно ќе се врати на терените дури напролет.

Тоа значи дека не само што ќе ги пропушти мечевите на неговиот тим Динамо, туку и репрезенаттивните дуели против Ерменија на гости односно Исланд на домашен терен.

 

ПретходноРондо „кај гледаш бе дечко“…. (ВИДЕО)
СледноДоби шише во глава, па суспензија и втор тим како казна