Њукасл првото зимско засилување го носи од репрезентацијата на Србија

175

Фудбалерот на Ајнтрахт Франкфурт, Филип Костиќ е трансфер цел на Њукасл, објави германски „Билд“.

По неуспешниот трансфер во Лацио летово, офанзивниот фудбалер остана во Франкфурт, каде повторно има одлични игри, па англискиот клуб кој има новибогати сопственици во него гледа на едно рационално засилување оваа зима.

Новото раководство на Њукасл сака целосно да го промени тимот, па сега се во потрага по нови засилувања. Доколку „страчките“ одлучат да испратат официјална понуда за српскиот репрезентативец, Ајнтрахт тешко дека ќе може да одолее финансиски.

ПретходноЃ. Ѓорѓиев и Хебар обезбедија пласман во 2. коло од квалификациите за ЛШ
СледноПријовиќ ја „откачи“ Звезда и потпиша за Вестерн Јунајтед