АБА лигата своевремено беше еден од пинерските проекти на просторите на бивша Југославија која се обиде и успеа да ги обедини некогаш завојуваните страни да почнат да мислат на иднината и да се соединат повторно во името на подобар живот.
Тоа трае веќе со децении, АБА лигата прерасна во мулти културна целина која обединува, а најдобар пример за тоа е мечот помеѓу Цибона и Партизан. Дербито на колото се одигра во Загред во салата „Драже Петровиќ“, а победија гостите, тимот на Партизан. На ислегување од Арената, белграѓани добија громогласен аплаус со што домаќините покажаа исклучителна гостопримливост, широкоградост, спортски дух и секако човечност. Секоја чест.
.@kk_cibona fans gave a big applause to both their team and to @PartizanBC squad after the derby match of Round 4.
RESPECT! 👏👏👏#ABALiga pic.twitter.com/Lo2k3PcFiN
— AdmiralBet ABA League (@ABA_League) October 15, 2021