Буњамин Шабани: Време е Струга ТЛ да ја прекине негативната серија!

258

Денеска во Струга од 14 часот, домашната екипа на Струга ТЛ во меч 10.коло во ПМФЛ, го пречекува составот на Борец. По блескавите игри на стартот од новата сезона, стружани влегоа во негативна серија,имено не знаат за победа веќе три меча по ред.

Па, време е да се прекине таквата серија, тоа го вели капитенот Буњамин Шабани…

 После три натпревари без победа, мислам дека натпреварот со Борец е една добра можност да ја прекинеме негативната серија. Сите сме максимално подготвени за овој натпревар и веруваме дека со победа ќе направиме еден пресврт, за потоа да продолжиме со позитивни резултати. Токму ова ни дава сила да денеска пред нашите навивачи  го дадеме максимумот.Секако и да покажеме дека кризата е помината, но и дека Струга Трим Лум и оваа година ќе се бори до крај за излез во фудбалска Европа“ вели Шабани.

ПретходноМонструозното забивање на Кесар (ВИДЕО)
СледноЦиципас се посрамоти на Индијан Велс