Ракометарките на Вардар со предност од четири гола се враќаат од Косово во првиот меч со Приштина во Европскиот куп. Денеска „вардарки“ обезбедија триумф на гстувањето против Приштина од 39:35.
Победата е добар знак пред реваншот во Скопје, во кој Вардар може да го потврди пласманот во следната рунда. „Црвено-црните“ девојки имаа одличен резултат уште на полувреме (16:15), а предноста ја надоградија со одлична игра во вториот дел.
Трпевска, Диневска и Дамјаноска со по 7 постигнати гола беа лидери во победата на Вардар, која беше прва по враќањето ан европската сцена по пауза од неколку години.